И покрај бранот врнежи што деновиве ја зафати земјава, водостоите на реките сé уште се под просекот за мај, а некои се и преполовени.
Според хидролошките мерења, Сатеска кај Ботун е дури осум пати пониска од мајскиот просек.
Состојбата со езерата е нешто поинаква. Извесни покачувања бележи Дојранското, Преспанско е незначително намалено, а Охридското е речиси во рамки на просекот.