Поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, членка и кандидатка на Демократската партија за висока функција во Америка, изјави дека ја „поздравува“ вчерашната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп за конфликтот меѓу Украина и Русија и рече дека рускиот лидер Владимир Путин реагира само на сила.

„Тој реагира само на сила и претставува јасна и непосредна опасност за цела Европа, а с самото тоа и за Соединетите Американски Држави“, додаде таа, коментирајќи ја изјавата на Трамп дека Украина е „во позиција да се бори и да ја врати цела Украина во нејзината оригинална форма“, пренесува Фокс њуз.

Клинтон претходно изјави дека би го номинирала Трамп за Нобелова награда за мир доколку тој може да посредува во постигнување мировен договор меѓу двете земји што би ја вратил целата територија окупирана од Русија на Украина.