Германската полиција во Берлин заплени три акварели, претставени како дело на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, поради сомневања за нивната автентичност.
Трите акварели, кои му се припишуваат на германскиот нацистички лидер Адолф Хитлер, требало да бидат продадени денеска на аукција во Берлин.
Делата претставуваат планинска сцена, река и фигура во далечина што седи под дрво, потпишани со А. Хитлер и датираат од 1910 и 1911 година според каталогот на аукциската куќа Клос, каде штоденеска требало да бидат понудени на продажба денес.
Тие беа понудени на продажба за 4.000 евра, а аукциската куќа соопшти дека има потврда од експерти за автентичноста.
Како што објави Би-Би-Си, тие биле насликани во време кога Хитлер, кој подоцна ќе биде одговорен за некои од најтешките злосторства во историјата на човештвото, работел како сликар во Минхен.
Почната е истрага за обид за проневера и фалсификување документи, објави берлинската полиција преку Твитер.
Во јуни 2015 година акварели и цртежи на Хитлер беа продадени на аукција во Германија за речиси 400.000 евра.
Berlin police seize ‘fake’ Hitler paintings at auction https://t.co/59cNE774lV
— BBC News (World) (@BBCWorld) January 24, 2019