Судот за злосторства на борците на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во Хаг денеска ги осуди Хисни Гуцати (Хисни) и Насим Харадинај на четири и пол години затвор и парична казна од по 100 евра за попречување на судскиот процес и заплашување сведоци.
Гуцати (54), претседател на Здружението на борците на ОВК и Харадинај (58), потпретседател на здружението, судот ги прогласи за виновни по пет од шест точки: злосторства против правдата – попречување на службените должности (две точки), како и за заплашување на сведоци и кршење на тајноста (две точки).
Судскиот совет утврди дека обвинителите не ја докажале вината на обвинетите за одмазда против сведоци. Според судијата претседавач Чарлс Смит, Гуцати и Харадинај биле осудени затоа што биле на повеќе од 20 настапи во медиумите на прес-конференции на Здружението на борци на ОВК во Приштина од 7 до 25 септември 2020 година објавиле доверливи документи на судот и обвинителството за злосторствата на борците на ОВК, вклучувајќи ги и идентитетите на потенцијалните сведоци.
Судот, чие официјално име е Специјализиран совет на Косово, утврди во име на народот на Косово дека Гуцати и Харадинај имале директна намера да го опструираат судот и да малтретираат и заплашуваат сведоци и ги откриле имињата и личните податоци на стотици сведоци.