Календар со фотографии на Путин предизвика големо внимание и може да се нарача преку Амазон.

Не остана уште многу до крајот на 2018 година, па оние кои се уште имаат навика да закачат календар на ѕид за следната година, веќе размислуваат каков би можел да биде.

За обожавателите на Владимир Путин, како и претходните години, така и оваа, е подготвен календарот со негови фотографии, а еве некои од најинтересните за јануари, јуни и јули.

Јануари

Рускиот претседател влегува во ледените води на езерото Селигер за време на епифанија. Покрај тоа, на фотографијата интересен детаљ се и чизмите до него.

Јуни

Бугарски овчар, подарок од бугарскиот премиер Бојко Борисов, како знак на благодарност за изградбата на голем гасовод во неговата земја. Медиуми се шегуваат дека кучето во рацете на Путин изгледа преплашено оти знаело дека со еден погрешен потег, рускиот претседател може да направи уште еден пар чизми.

Јули

Путин вози велосипед. И тоа без кацига. Но, со темни очила.

Ова не е прв календар со Путин додека вежба во теретана, игра хокеј или вози велосипед.

Календарот веќе може да се нарача преку Амазон, во различни форми, и чини околу 29 долари.