Креативна учителка од Босна и Херцеговина на своите ученици им дала домашна задача која треба да ја реализираат за време на летниот распуст, а со таа задача го освои вниманието на социјалните мрежи.
Сите ќе признаеме дека домашните задачи не сме ги сакале и за време на учебната година, а камоли за големиот летен распуст.
Учителката од Калесија, сепак, на последниот ден од учебната година им задала интересна задача на учениците за летниот распуст. Оваа задача е поинаква од останати за време на школската година.
Се состои од 23 мали задачи. Ова се задачите кои се најдоа на нејзината листа:
Погледни барем едно изгревање на сонцето; Научи да играш некоја нова друштвена игра; Остани во контакт со неколку од своите пријатели од одделението; Немој да фрлаш отпад на земја; Направи си на себе барем едно ланче или нараквица; Една вечер легни си навистина доцна; Бањај се во базен; Посети некој град или село кое не го познаваш; Гледај ги облаците; Создај барем едно ново пријателство; Вози велосипед; Некое време оди бос/а на трева; Прочитај барем две книги и неколку стрипа; Напиши барем една приказна; Вежбај математика; Бои и украсувај камења; Научи да подготвиш барем едно јадење со некој возрасен; Секогаш кога ти е здодевно – читај; Посети некоја библиотка; Погледни барем еден филм со семејството; Прифати барем две обврски во домот; Кажи му на некој дека ти е драг/а; Смеј се додека стомакот и образите не те здоболат.
Учителката од Калесија заслужува пофалби за креативната задача што им ја задала на учениците.