„Сам свој мајстор“, коментираат под видеото од плажата во Грција, а поради најинтересниот детаљ, велат дека дефинитивно е балкански државјанин.

Често се објавуваат необични детали или ситуации од плажата во Грција, а оваа насмеа многумина, но и ги инспирираше.

Туристот кој е ѕвездата на ова видео ни помалку ни повеќе користи валјак за бојадисување за да нанесе крема за сончање на грбот, а потоа се погрижи средеството рамномерно да го распореди по кожата.

„Гледаш со какво предзнаење се оди на плажа!“ „Корисно, треба да патентира таков валјак, специјално за грбот“, се дел од коментарите.