Хрватскиот стенд-ап комичар Горан Винчиќ направи пародија за состојбата со коронавирусот во Хрватска.
Во изведбата на песната „Ко то тамо запомаже“, која е препев на легендарната песна „Свиче зора“ од филмот „Ко то тамо пева“, на Горан му помогна Фантастичниот Франто.
Видеото што Горан Винчиќ го објави на Фејсбук започна да се шири на социјалните мрежи, а заразната мелодија со нов текст го обиколи регионот.
„Сиромавиот фантастичен Франто и јас бараме сè да се отвори!“, напиша Винчиќ.