Британскиот актер Хју Грант на платформата Х го сподели своето искуство за време на, како што напиша, навредливиот настан што им се случил на неговите деца на аеродромот Хитроу во Лондон. Тој изјавил дека неговите три деца биле непотребно испрашувани од службеник за имиграција на аеродромот Хитроу во петокот, објави Индипендент.

-Само што пристигнав во Хитроу со мојата сопруга и децата. Сите го имаме истото презиме (Грант) на нашите пасоши. Службеникот за имиграција разговара со моите деца, а потоа шепоти „Дали се ова твоите мајка и тато?“, напиша Грант на платформата X. 

Тој го опиша инцидентот како „наметлив, навредлив и морничав“.