Министерот за земјоделство и генерален секретар на Движењето БЕСА, Арјанит Хоџа поднесе оставка од функцијата заедно со другите двајца заменици министри од партијата.
Рече дека тоа што вчера се случи во Собранието е срамно. Хоџа смета дека Беса сака да биде дел од власта, но не по секоја цена.
-Одлуката за оставка е морален чин почитување на органите на Движењето БЕСА, рече Хоџа.