Том Холанд, најпознат по улогата на „Човекот-пајак“ (Спајдермен), се покажа како херој и во вистинскиот живот, оти спаси обожавателка од навалата луѓе кои речиси ја смачкаа обидувајќи се да дојдат до автограм пред телевизиско студио во Њујорк.
Девојката на Твитер објави и куса снимка, нагласувајќи дека група повозрасни мажи, туркајќи се, „буквално ѝ го приклештиле вратот кон преградата”.
– Сè е в ред, тука сум!, се слуша глумецот како ја смирува, потоа обраќајќи им се на другите обожаватли: Ќе ги фрлам вашите г**нарии на под ако не престанете да ја туркате.
Девојчето по име Кес добило и напад на паника, па Холанд морал да ја смирува.
Инаку, Том на минатогодишните „Оскари“ на сличен начин ја спаси и глумицата Џина Родригез, која за малку не падна на грб при излегувањето на сцената.