Во ладилниците на аеродромот „Шипхол“ во Амстердам, работниците од авиокомпанијата „КЛМ“ се подготвуваат да ги примат вакцините против коронавирус, што мора да се чуваат на многу ниски температури и на тој начин да се дистрибуираат низ целиот свет.
Преку овој аеродром веќе беа дистриубирани вакцините против Ковид-19 што беа во фаза на клинички испитувања, а управата на аеродромот вели дека се подготвени за транспорт и на вакцините.
-Подготвени сме, сега е најважно вакцините да се дистрибуираат со најбрзо можно темпо, изјави извршниот директор на „КЛМ“, Питер Елберс, пренесуваат британските медиуми.
Како што досега е познато, вакцините произведени од компанијата „Фајзер“ мора да се чуваат на температура од минус 70 степени, додека вакцините на компанијата „Модерна“ треба да се чуваат на температура од минус 20 степени.