Фудбалската репрезентацијата на Холандија синоќа во Амстердам одигра 1:1 со Шпанија во пријателски натпревар. За Холанѓаните ова е четврти натпревар во низа без победа по доаѓањето на селекторското место на Франк де Бур.
Со него, Холандија загуби од Мексико (0:1), а потоа ремизираше со Босна и Херцеговина (0:0), Италија и Шпанија (1:1).
Ова е прв пат во историјата на холандскиот фудбал.
За потсетување Де Бур беше отпуштен од Интер по 11 кола во Серија А во 2016 година, додека Кристал Палас му врачи отказ по четири порази во низа на почетокот на сезоната во 2017 година.