Експлозија одекна попладнево во холандскиот град Хаг, при што е урнат предниот дел од една станбена зграда.
Како што јави холандската телевизија РТЛ Њуз, експлозија од засега непознати причини, довелз до „уривање на куќа“, при што не е исклучена можноста под урнатините да има затрупани луѓе.
На местото на настанот пристигнале припадници на полицијата и противпожарната служба, како и амбулантни возила.
Засега нема потврдени информации за жртви.