Холандија ќе продолжи да го финансира Путин купувајќи руски гас, Холанѓаните морале да се греат

/ 01.04.2022

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека Холандија нема да го бојкотира рускиот гас, барем засега бидејќи е зависна од истиот.

Според јавниот радиодифузен сервис НОС, Руте одговорил на барањата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кои тој ги претстави за време на онлајн обраќање пред холандскиот парламент, пренесува Вечер.

Зеленски, всушност, побара да се запре сета трговија со Русија и да се зголеми помошта со оружје за неговата земја.

Руте рече дека холандскиот пакет санкции против Русија е „без преседан“, но додаде дека е важно неговата влада да може да продолжи да ги загрева своите граѓани и клучните индустрии да продолжат да работат.

– Холандија има за цел што поскоро да се ослободи од зависноста од рускиот гас, но тоа нема да биде можно на краток рок и преку ноќ. Мора да ги земеме предвид сите интереси – рече холандскиот премиер.

Германија и Велика Британија претходно ја коментираа одлуката на Путин, велејќи дека не се согласуваат под тие услови да се увезува гас од Русија.


Од истата категорија