Холандскиот министер за здравство Хуг де Јонге најави озаконување на еутаназијата на деца од една до 12 години, кои се во крајна фаза на неизлечива болест.
Во Холандија озаконета е еутаназијата на лица над 12 години, кои можат да дадат согласност, како и на бебиња до една година со согласност од родителите. Но, се уште не е озаконета еутаназијата на деца до 12 години, бидејќи не можат сами да донесат одлука.
– Истражувањата покажуваат дека на лекарите и на родителите на неизлечиво болните деца им неопходно да се озакони еутаназија на деца, кои многу страдаат и во догледно време ќе починат, се наведува во писмото на Де Јонге испратено до Парламентот.
Во 2002 година Холандија и Белгија станаа први држави во кои е озаконета еутаназијата. Белгија во 2014 година прва ја легализира доброволната еутаназија на деца, а набрзо и Холаднија госледеше нејзиниот пример.