Омикрон ја затвора Холандија. Во земјата од утре наутро се се затвора, освен услужните дејности за итни потреби, како маркети, аптеки и сл.
Новите правила вклучуваат затворање и на училиштата на сите нивоа од понеделник, а „распустот“ кој ќе ќе опфати Божикните праазници ќе се продлжи до средината на јануари.
Затворањето содржи и „итна препорака“ домаќинствата да примаат повеќе од двајца гости на возраст над 13 години во период од 24 часа, освен трите дена од празникот Божиќ и на денот на Нова Година.
Училиштата, колеџите и универзитетите, како и клубовите после училиште, сите ќе се затворат веднаш и треба да се подготват за учење на далечина во првата недела по официјалното завршување на празниците.
Ќе престанат и сите спортови во затворен простор. Спортот на отворено може да продолжи до 17 часот, додека професионалните спортски натпревари ќе продолжат, без публика.
Јап ван Дисел, претседател на владиниот тим за управување со епидемии, рече дека очекува варијантата Омикрон брзо да се шири низ Холандија и да биде одговорна за најголемиот дел од инфекциите во периодот по Божик.
Вчера Холандија, која има 16 милиони жители имаше 15 000 нови позитивни случаи и 60 починати. тоа би било пропрционално на 1 800 позитивни во Македонија во вчерашниот ден и 7 починати. Со тоа што затворањето на Холандија е поради стравот од Омикрон кој веќе доведе до тоа Велика Британија да има рекорд од 90 000 позитивни во еден ден, колку што немала од почетокот на пандемијата, па се очекува варијантата на корона вирусот да почне да се шире и во континенталниот дел на Европа.
Холандскиот Жарко Караџоски, кој се вика Јап ван Дисел, изјавил дека очекува Омикрон брзо да се шири низ Холандија и да биде одговорен за најголемиот дел од инфекциите кои ќе се случат.
„Омикрон“, рекол тој, „е поотпорен на имунитетот што го обезбедуваат претходните инфекции и вакцини од претходните варијанти. Тој е премногу различен од варијантата на коронавирус за која е развиена вакцината“, додал Дисел но сег слеи нешто што ќе ве збуни:
„Се надевам дека сите ќе ја искористат можноста з атрета доза од вакцината“, нагласил тој. „Како земја ние сме најдобро заштитени ако што е можно повеќе луѓе добијат засилена вакцина.“
Во оваа негова изјава, меѓутоа, нејасни се две работи:
прво, како ќе ве заштити третата доза ако не ве заштитиле првите две;
второ, самиот признава дека мутираниот Омикрон и „избегал“ на вакцината што се користи во Холандија (мНРА), односно тие вакцини не се делотворни бидејќи се развиени за спајк протеинот на првата варијанта на корона вирусот од Вухан. Бидејќи Омикрон има најмалку 30 мутации токму во спајк протеинот против кого се насочени мНРА и аденовирус вакцините, нејасно е како нешто што не е развиено за Омикрон, ќе ве заштити од Омикрон.
Но, тоа е тој начин на „размислување“.