Холандските цариници во Ротердам запленија 90.000 шишиња руска вотка, која најверојатно требало да биде прошверцувана во Северна Кореја и покрај санкциите на Обединетите нации, соопштија денеска холандските власти.
Холандскиот весник „Алгемен дагблад“ денеска пишува за заплената, а портпаролот на Царината, Раул Велеман ги потврди наодите.
Велеман и Министерството за надворешни работи на Холандија одбија да кажат зошто холандските власти веруваат дека вотката била наменета за Северна Кореја.
Холандската министерка за прекуморска трговија, Сигрид Кааг им честита на цариниците за пронајдениот товар со шишиња, истакнувајќи дека „Советот за безбедност на ОН наметна многу јасни санкции за Северна Кореја и важно е тие да се применуваат“.
Вотката е пронајдена во родердамското пристаниште под труп на авион кој се наоѓал на кинески брод.