Дваесет и петгодишен државјанин на Холандија, кој бил пријавен дека се изгубил на планината Пелистер, е спасен од тимот за брз одговор за спасување на планини при Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Како што соопштуваат од ДЗС, до нивното Подрачно одделение во Битола, денеска во 13:35 часот пристигнала дојава за изгубено лице. Станува збор за странски државјанин, А.А.(25) од Холандија, кој се упатил од с.Нижополе кон Големо Езеро на Пелистер.
-По лоцирањето на изгубеното лице, тимот за брз одговор за спасување на планини, при Дирекцијата за заштита и спасување, излезе на терен, и во 15:10 часот го пронајде лицето над с.Нижополе, со лесна повреда на коленото. По санирањето на повредата, тимот за брз одговор за спасување на планини при ДЗС, безбедно го пренесе лицето до Битола, каде што е и сместено, стои во соопштението на ДЗС.