Холандски истражувачи обучиле пчели со невообичаено остро сетило за мирис за да идентификуваат примероци заразени со Kовид-19. Ова може да го намали времето на чекање за резултатите од тестот.
За обука на пчелите, научниците од биоветеринарната лабораторија за истражување на универзитетот Вагенинген им давале зашеќерена вода како награда откако им ги покажувале примероците на заразените со коронавирусот.
Ако им покажале примероци кои не биле заразени со Ковид-19, пчелите не добивале награда.
Резултатите од тестот за Ковид-19 се чекаат со часови или денови, додека пчелите реагираат веднаш. Овој метод е исто така многу ефтин, што потенцијално го прави многу корисен за земјите каде тестовите многу ретко се вршат, наведуваат научниците.