Властите на Лајден подготвуваат формално извинување за улогата што ја играл холандскиот град за време на колонијализмот и трговијата со робови, објавија денес холандските медиуми.
Оваа одлука следеше по научна студија на Универзитетот во Лајден, која откри постоење на силни врски меѓу градот и неговите жители од една страна, и колонијалната експлоатација и ропството од друга страна.
Истражувањето покажа дека низ историјата, Лајден бил силно вклучен во трансатлантската трговија со робови, како и во колонијалните активности.
Градоначалникот Петер Хејкап ја нагласи потребата да се препознае ова, како и да се преземат конкретни мерки, нагласувајќи дека градот мора да се соочи со ваков вид наследство.
За да се постигне ова, градските власти ќе формираат аналитички центар чија цел ќе биде да ги информира жителите на Лајден и да го подигне нивото на свест за колонијалното минато на градот.
Покрај тоа, ќе биде формиран советодавен комитет за евалуација и препорачување на објавување уметнички дела за историјата и страдањето на луѓето поврзани со појавата на ропството,.
Градската администрација, исто така, планира да спроведе дополнителни истражувања за подобро да ги разбере искуствата на жителите на Лајден кои се од други раси, како и како појавата на ропството има последици за денешното општество.