Во саботната репортажа, британски Дејли Меил во саботата ја доловува сликата од Амстердам, градот кој делува како од времето пред пандемијата: преполни барови и ресторани, луѓе без маски и без било каков знак дека наоколу владее вирус.
И не само тоа, во репортажата, Јан Бирел раскажува и за најновите заклучоци на холандските научници, кои се чини како да се простиле од разумот. Нивен заклучок е дека населението не мора да носи маски, зашто не само што нема докази дека тие ефективно штитат, туку напротив, можеле да пречат во брбата потив Ковид 19.
Инаку Холандија е меѓу топ десетте земји по број на мртви од Ковид 19 во светот. Таа има 3237 заразени на еден милион житеи со 56 000 тестови на еден милион (Македонија на Слушај го Венко има 5 500 заразени со нешто помалку тестови) и вкупни 6 149 мртви односно 359 на еден милион жители (Македонија има околу 230 на еден милион).