Актерот Овен Вилсон, наводно, не сака да ја види својата ќерка Лајлу.
Иако, тој не остана во контакт со ниту еден од неговите двајца синови, Овен ги презеде татковските должности и со задоволство го трошеше своето слободно време со момчиња. Но, според написите на американски медиуми, тој нема такви намери со својата ќерка.
Лајлу е родена минатиот месец, а актерот досега не ја посетил. Според извори блиски до актерот, тој, исто така, потпишал на суд дека не сака да ја види и дека не сака да има старателство врз неа.
Овен пет години повремено се гледал со мајката на Лајлу, Варуни Вонгсвиратес, но кога останала бремена, побарала тест за татковство.
„Ова е приватна работа и не сакам да коментирам”, изјави неговиот претставник за новинарите.
Актерот има два сина: седумгодишниот Роберт и четиригодишниот Фин.