Актерот Овен Вилсон, наводно, не сака да ја види својата ќерка Лајлу.

Иако, тој не остана во контакт со ниту еден од неговите двајца синови, Овен ги презеде татковските должности и со задоволство го трошеше своето слободно време со момчиња. Но, според написите на американски медиуми, тој нема такви намери со својата ќерка.

Лајлу е родена минатиот месец, а актерот досега не ја посетил.
Според извори блиски до актерот, тој, исто така,  потпишал на суд дека не сака да ја види и дека не сака да има старателство врз неа.

Овен  пет години повремено се гледал со мајката на Лајлу, Варуни Вонгсвиратес,  но кога останала бремена, побарала тест за татковство.
„Ова е приватна работа и не сакам да коментирам”, изјави неговиот претставник за новинарите.
Актерот има два сина: седумгодишниот Роберт и четиригодишниот Фин.