Холограм на покојната соул-џез дива Еми Вајнхаус тргнува на светска турнеја во крајот на 2019 година.
Проекцијата на пејачката ќе се изведува со дигитално ремастирани песни со пратечки вокали и лајв бенд.
– На нас ова ни е како сон. Да ја видем повтопрно на сцената е нешто посебно и не може да се опише со зборови. Музиката на нашата ќерка допре со милиони луѓе и многу ни значи што нејзиното наследство ќе се одржи на таков иновативен и револуционерен начин, изјави Мич Вајнхаус, татко на пејачката.
Настапот на холограмската Ејми ќе биде од 75 минути до 110 минути. Таа доживеа светска слава со албумот Back to Black од 2006 година со кој освои пет Греми награди.