Властите во Хонг Конг запленија 40 килограми рогови од носорог, чија вредност е проценета на еден милион долари.
При акцијата се притворени шверцерите на роговите.
Виетнам и Кина се главните илегални пазари за препродажба на рогови од носорог.
Постои верување дека рогот лекува некои болести ако се земе во облик на прав, иако нема медицински докази дека има лековита вредност.
Сите видови носорози се заштитени со закон, а денес во дивина и заточеништво живеат околу 29.000 примероци од ова животно.