Суд во Хонгконг денеска осуди деветмина опозиционери поради организирање на еден од најголемите протести во тој град за време на политичката криза во 2019 година.
Окружниот суд прогласи за виновни седуммина опозициски ветерани, вклучувајќи ги адвокатот Мартин Ли и медиумскиот тајкун и демократски активист Џими Лаи.
Тие се осудени за организирање и учество во нелегален собир. Двајца други опозиционери на судењето се изјаснија за виновни.
На осудените им се заканува затворска казна од пет години. Не е познато кога судот ќе ги изрече казните.