Хонгконшката полиција за растурање демонстрации денеска повторно испука солзавец и бибер спреј за да ги растера повеќето илјади демонстранти кои беа собрани во центарот на градот.
Протестот беше организиран во паркот Ковлон, но полицијата наведе дека собирот не бил одобрен и на демонстрантите им наредила да се разотидат. Откако тие тоа него сториле полицијата употреби солзавец, пренесоа американските медиуми.
Протестите во Хонг Конг почнаа пред неколку месеци поради најавата за промена на Законот за екстрадиција, но во меѓувреме прераснаа во антивладини, повремено насилни, протести.
Предлог законот за екстрадиција во меѓувреме беше повлечен, но протестите и натаму траат