Главниот администратор на Хонг Конг, Кери Лам, денеска објави вонредна состојба и мерки за ограничување на врските на градот со континентална Кина поради новиот коронавирус.
Училиштата, кои сега се на одмор за Лунарната нова година, ќе останат затворени до 17 февруари. Летовите до и од Вухан, каде започна инфекцијата, ќе бидат стопирани, како и движењето на брзите возови.
– Итно се прекинуваат сите официјални посети до континенталниот дел од Кина како и официјалните честувања на Лунарната нова година, рече Кери Лам.
Пет случаи на заболени од коронавирус се потврдени од локалните здравствени власти. Други 122 лица се лекуваат од сомнителна инфекција.
Јапонија го потврди третиот случај на инфекција – 30-годишна жена која живее во Вухан, која пристигнала во Јапонија на 18 јануари, соопшти Министерството за здравство.
Во Австралија, болните веќе се четири во два различни града. Малезија објави за први случаи на заболени од новиот коронавирус на своја територија.