Средство за белење и сулфурна киселина се причина 22 лица да се затрујат додека се капеле или биле во близина на базен во еден од хотелите во парискиот Дизниленд.
Гостите во хотелот „Њујорк“ веднаш биле предупредени да останат подалеку од хотелскиот базен откако повеќе туристи и персонал се пожалиле дека им се лоши и имале респираторни проблеми.
Пожарникари и итната служба набрзо стигнале на местото за да им помогнат на затруените лица, од кои четворица биле пефрлени во болница заради сериозни симптоми.
Базенот бил затворен, а биле евакуирани и собите во негова близина.
Се препотставува дека причина за инцидентот е лошото мешање на состојките кои вообичаено се ставаат во базенот, па тоа озовможило да се ослобид хлорниот гас, кој доколку се вдише може да предизвика сериозни симптоми и последици.