„Сите се чудат што живеам скромно, живеам во мала куќа и возам стар автомобил. Тогаш светот полудел, бидејќи се чуди за тоа што е нормално”, вели во интервјуто за српски „Неделник“, Хосе Мухика, поранешен претседател на Уругвај, кој на светот му стана познат по неговата скромност. Додека беше претседател 90 проценти од неговата месечна плата од 12.000 американски долари, ја даваше во добротворни цели за сиромашни и мали претприемачи.
Тешко е човек да не се замисли за овие зборови.
„Нам не ни недостасуваат ресурси, пари …”, вели Мухика. „Нам ни недостасува здрав разум. Трпеливост. Не смее на политичарите главната работа во животот да им бидат избори и реизбори и борбата за моќ”.
Неговиот живот и карактер не може лесно да се видат. Рануван шестпати, во затвор помилал 14 години, четири пати се обидел да избега.
Сепак, во Уругвај има малку луѓе кои водат живот сличен на него.
„Тоа значи дека Уругвај напредува. Некогаш поголемиот дел од луѓето беа сиромашни.Јас сум земјоделец. Земјоделството е тешка работа. Таа работа не ја пожелувам на никој …”