Состојбата во пренатрупаниот мигратнски камп Мориа на грчкиот остров Лезбос „може да се претврои во вистинска хуманитарна катастрофа“ со доаѓањето на зимата, предупредуваат од Хјуман рајтс воч.
– Политиката на задржување која ја поддржува ЕУ го влошува долгогодишното страдање на барателите на азил и го претвора Лезбос во затвор на отворено, изјави Тодор Гардос, од ХРВ.
Тој го посети кампот и разговараше со барателите на азил кои живеат таму и сведочеше за „пренатрупаност, несоодветно сместување и очај“.
Во тој камп каде има место за само 3.100 луѓе сместени се околу 6.500 баратели на азил.