Секој ден, огладнувам приближно во исто време – околу 13 часот. Така беше и денеска за време на бојкотот на продавниците во Хрватска. За жал, мојот стомак и денеска не го бојкотираше гладот, па морав да станам штрајкбрекер и да одам да купам нешто. Вака новинар на Слободна Далмација ја започнува својата приказна околу бојкотот на хрватските граѓани.
И така, влегувам во мојата маалска пекара, и нема жива душа во неа, освен две фини и секогаш насмеани продавачки.
– Има ли некој овде, ги прашав.
– Не сега, но утрово имаше многу луѓе. Дојдоа да јадат бурек. Се нафрлија на бурекот како никогаш да не јаделе, ми одговара еден од нив.
Па за време на бојкотот јадеа бурек?
– Да, но знаете ли што е најинтересно? Тоа што никој од тие што пазареа утрово не беше од оваа населба. Никогаш, никогаш ниту една од нив не влегла во нашата пекара.
Прашавме неколку од нив од каде се. Ни одговорија дека се од други населби, но дека утрово не пазареле таму, за да не ги види никој