По извонредната победа на гостувањето во Словачка, репрезентацијата на Хрватска денеска одигра слабо и постигна смао нерешен резултат со Азербејџан.
Домашната екипа до овој натпревар имаше четири порази од четири натпревари и е последна во групата. Првиот бод Азербејџан го освои токму со најсилниот тим во групата, екипата на Хрватска.
Хрватите поведоа со гол од пенал на Модриќ во 11 минута.
Азербејџан изедначи во 72 минута со голот на Кализада.
Во истата група, вечерва играат Унгарија и Словачка. Унгарија има еден пораз, токму од Словачка и три победи на четири натпревари, меѓу кои е и победата над Хрватска, а Словачка на четири натпревари има две победи и два порази.
Во групата се натрепреварува и репрезентацијата на Велс.