Вечерва репрезентацијата на Хрватска ја совлада Шкотска во Глазгов со 3:1 и со тоа избори нтамошен пласман на ЕП во фудбал.
Хрватите речиси во целиот меч имаа контрола на играта и на крајот освоија важни три бода. Поведоа преку Влашиќ, но Шкотска израмни пред крајот на полувремето преку МекГрегор.
Меѓутоа во вториот дел Модриќ со убав гол донесе ново водство за Хрватска, а Перишиќ со глава го постави конечниот резултат.
Во вториот натпревар од групата, Англија ја совлада Чешка со 1:0 иако постоеја шпекулации дека на овој натпревар двете екипи ќе калкулираат за да го избегнат првото место во групата кое води кон натпревар со Германија, Франција или Португалија.
Голот за Англија го постигна Стерлинг.
Хрватска го освие второто место во групата, а Чешка сигурни продолжува како трето пласирана.