Хрватска го повлекува од пазарот виенскиот колбас од домашно производство бидејќи може да претставува ризик за потрошувачите, соопшти Државниот инспекторат.
Станува збор за производот виенски колбас, ЛОТ 3114440, со рок на употреба 10 септември годинава, поради неозначен алерген – глутен.
Производител е „Куделиќ“ ДОО, Беденица, пренесуваат тамошните медиуми.
Имајќи предвид дека на производот не е означен алергенот на глутен, производот може да претставува ризик за здравјето на чувствителните потрошувачи, а, како што тврдат, оние што не се алергични на глутен може да продолжат да го користат.
Инспекторатот наведува дека производот не е во согласност со правилникот за утврдување на општите принципи и услови на законот за храна, формирање на Европската агенција за безбедност на храна и воспоставување процедури во областите на безбедноста на храната и pравилникот за обезбедување информации за храната на потрошувачите.