Новинарот и уредник во Хрватската телевизија и автор на „Квискотека“ Лазо Голужа почина денеска во Загреб на 85-годишна возраст.
Информацијата за хрватските медиуми ја потврди неговиот син Доминик Голужа.
Голужа дипломирал компаративна книжевност и италијански јазик на Филозофскиот факултет во Загреб, а по студирањето со Пајо Канижај го основал списанието „Парадокс“.
Тој даде најголем придонес во областа на квизовите, меѓу кои се: „Три, два, еден … но вреден“, „Песочен часовник“, „Бројки и букви“.
Негов најпознат проект е „Квискотека“, која за првпат беше емитувана во 1979 година и ја водеше Оливер Млакар и беше многу популарна во поранешна Југославија.