Германскиот претседател Франк-Волтер Штајнмаер денеска во Загреб се сретна со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ додека двете земји се подготвуваат за претседателство со ЕУ во 2020 година, јави ДПА.
Штајнмаер изрази уверување дека Хрватска, која е најмладиот член на Европската унија од 2013 година, беше „добро запознаена со главната одговорност“ што ќе ја има, сега кога се подготвува да го преземе ротирачкото претседателство со ЕУ во првата половина од 2020 година.
Германија ќе претседава со ЕУ во втората половина од 2020 година.
– Морам да кажам дека Хрватска најде место во срцето на Европската унија, Штајнмаер.
Хрватска е популарна дестинација меѓу германските туристи, но во исто време има висока стапка на невработеност, а Хрватите масовно, особено младите, заминуваат и бараат работа во други членки откако земјата стана дел од ЕУ.
По Ирска, Хрватите најмногу заминуваат за Германија, каде нивниот број изнесува повеќе од 370.000.
Претходниот предлог на Грабар-Китаровиќ дека слободното движење на луѓе во ЕУ треба да биде ограничено за да се спречи одливот на мозоци, не беше добро примен во Германија, потсетува ДПА.
По денешниот состанок со Штајнмаер, хрватската претседателка истакна дека слободното движење е “добро” и ги охрабри младите Хрвати да се селат во странство. Но, таа, исто така, предложи тие да размислат за тоа подоцна да се вратат во својата татковина