Директорот на Хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, изрази задоволство од стагнацијата на бројот на новозаразени и смртни случаи од коронавирусот.
-Нашиот неделен раст стагнира. Од 34 до 36 недели имавме зголемување од 80 до 110 проценти на неделно ниво, додека оваа недела имаме раст од само четири проценти, рече Чапак на прес-конференција.
Според него, сега се позитивни 28 проценти од вкупниот број на тестирани примероци.
-Инциденцата е 772, што Хрватска ја сместува на самиот врв на земјите од ЕУ, изјави тој.
Чапак, меѓутоа, изјави дека во некои жупании на северот од земјата, инциденцата е поголема и од 1.000 на 100.000 жители, јави хрватскиот портал Индекс.
-Стапката на смртност е 208 на милион жители, што значи дека Хрватска е во средината на скалилото на земјите од ЕУ, рече Чапак.
Хрватска, додаде Чапак, е „сериозно подготвена“ за вакцинирање, дека вакцината е веќе резервирана за 50 проценти од населението, но дека не знае во кој момент тоа ќе се случи.