Хрватската полиција вчера попладне го вратила словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс од граница, кој, според словенечките медиуми, се обидел да ја премине границата на еден од граничните премини во Истра.
Според словенечкиот портал 24ур, Алеш Хојс пристигнал на границата со неговата мајка, но бидејќи министерот, ниту неговата мајка не ги исполнувале условите за влез на странци во Хрватска за време на епидемијата, тие морале да се вратат дома.
Порталот денеска го пренесува одговорот на хрватската гранична полиција, според кој Словенија „не најавила пристигнување на ниту еден министер“ и додава дека хрватската полиција не прецизира дали Хојс се обидел да ја премине границата со дипломатски пасош.
Имено, на словенечките граѓани им е дозволено да се движат од еден во друг статистички регион само доколку поседуваат недвижен имот во друг регион. Министерот Хојс потврди дека е вратен од границата како обичен граѓанин и изјави дека не го покажал својот дипломатски пасош. Меѓу другото, тој тврди дека сакал да провери колку доследно хрватската гранична полиција ги контролира причините за преминување на границата во нивната земја.
Тој исто така тврди дека не ги прекршил словенечките прописи за ограничување на движењето меѓу општините затоа што неодамна купил имот во Копер, јави хрватски Н1.
Хојс во меѓувреме на Твитер напиша дека хрватската полиција не го спречила да влезе во Хрватска, туку затоа што немал негативен тест со него му дала избор да влезе и да оди во карантин, или да се врати, и тој го сторил тоа.