Хуан Гуаидо го потпиша првиот претседателски указ, откако се прогласи за шеф на државата, со кој дозволува влез на хуманитарна помош во Венецуела од САД и неколку други држави.
Се предвидува од утре да почне доставувањето на хуманитарната помош, јави Би-Би-Си.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро не дозволува влез на храна и лекарства во земјата и и нареди на војската да ги затвори патиштата кои водат кон Колумбија. Подоцна издаде иста таква наредба и за патиштата кон Бразил.
Мадуро негира дека земјата има потреба од хуманитарна помош и испратената помош од Вашингтон ја окарактеризира како „шоу“.
Сепак, Мадуро соопшти дека неговиот сојузник Русија испратила 300 тони хуманитарна помош.