Компанијата „Хуавеи“ поднесе тужба против американската влада поради регулатива со која на федерални агенции им се забранува користење на производи на таа фирма.

Тие наведуваат дека САД не дале никакви докази со што би ја оправдале таа забрана за користење и отфрлаат тврдења дека се поврзани со кинеската влада.

Имено, САД неодамна ограничија употреба на производи на Хуавеи поради заштита на национална безбедност, но и наговараа сојузници да избегнуваат соработка со таа кинеска компанија.

Хуавеи е една од најголемите светски компании за телекомуникациски услуги и опрема.

– Конгресот на САД во повеќе наврати пропушти да изнесе какви било докази што би ја поткрепиле забраната за производи на Хуавеи. Поради тоа, присилени сме да поднесем тужба, изјави Гуо Пинг, ротирачки претседател на УО на Хуавеи.

– Забраната не е само незаконска туку и оневозможува Хуавеи да се вклучи чесно во пазарни натпревари, и поради тоа забранта им штети и на американските потрошувачи, додаде тој.