Кинескиот технолошки гигант Хуавеи Технолоџи соопшти скромен раст на профитот во 2020 година поради пад на приходите во странство предизвикани од нарушувања поврзани со пандемијата, но и поради тоа што САД ги стави на извозната црна листа.

Нето добивката се зголеми за 3,2 проценти минатата година, на 64,6 милијарди јуани (9,83 милијарди долари). Една година претходно, добивката се зголеми за 5,6 проценти.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го стави Хуавеи на црната листа за извоз во 2019 година, блокирајќи го неговиот пристап до клучната технологија со американско потекло, што влијаеше на неговата способност да создава сопствени чипови и да набавува компоненти во странство.

Забраната сериозно го погоди бизнисот со мобилни телефони на Хуавеи, па во ноември 2020 година, компанијата го продаде својот оддел за поевтини модели на конзорциум на агенти и трговци за да ја одржи во живот, пренесува Хина.

Денешниот извештај покажува дека бизнисот со потрошувачка електроника на Хуавеи, кој вклучува паметни телефони, сепак ги зголеми приходите за 3,3 проценти, на 482,9 милијарди јуани и претставува повеќе од половина од вкупните приходи.

Растот делумно беше генериран од уредите како што се паметни часовници и лаптопи, изјави портпаролот на Хуавеи.