Хуманите граѓани на Македонија уште еднаш потврдија дека можат да го направат во рекородно време тоа што државата и институциите не успеваат.
Хуманите граѓани за неполни 24 часа ги собраа потребните 5.500 евра за младата Стаменка Трповска, на која и е дијагностицирана коксартроза која се заснова на рскавицата во колкот која е скоро целесно оштетена.
Таа побара помош и преку социјалните мрежи и за рекордно брзо време се собрани потребните средства за операција, благодарение на хуманите граѓани ширум Македонија.
– Пријателчиња драги, ги собравме потребните средства за мојата операција во рекордно брзо време. Па, похумана нација не постои! Фала ви на сите до еден. И шернувајте го и овој статус за да знаат луѓето дека ја завршивме донацијата само за еден ден. Македонијо, живеј во овој ритам, напиша Трповска на Фејсбук.