Под мотото „Ден на хуманоста – од срце за Леонид Индов“ во Младинскиот културен центар, денеска се одржа хуманитарна акција со цел да му се помогне на младото момче кое пред две недели дожиевеа тешка несреќа на летување во Грција. Леонид е веќе успешно транспортиран во Скопје, а неговото семејство се надева дека брзо ќе се опорави. Настанот беше во организација на градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со уште 40-ина невладини и граѓански организаци, како и општествено одговорни компании.
На денешниот настан присутна беше и пејачката Ребека Јанковска-Ристески која им се заблагодари на сите кои присуствуваа и се вклучија да помогнат а Леонид.
„Тука сме на овој настан за да помогнеме на Лео, за да граѓаните можат да помогнат и да донираат крв односнонда дадат крв, крводарителска акција. Им благодарам на сите што дојдоа, јас сум дел од организацијата преку организацијата „Јас сум жена“ и преку „Дајте ни крилја“, многу има тука организации кои се вклучија им благодарам на сите. Но, сакам да кажам дека ни треба помош затоа што без нив ништо нема да биде како што треба. Се вклучија многу компании, ги повикувам сите луѓе, денеска цел ден е оваа акција овде да дојдат и да донираат крв и да му помогнат на Леонид. Леонид е значи во Скопје во моментот, се бори да биде како се што треба, се бори за да биде излекуван. Да го поддржиме неговото лекување“, рече Ребека и додаде:
„Еве јас дадов свој придонес, вчера ми беше роденден и на моите гости им кажав наместо подароци да донесат средства за Леонид и собравме 15.000 денари кои што ќе бидат уплатени на Лео. Еве една идеја секој кој што сака може да помогне. Не треба многу, само треба добра идеја и волја“.
На настанот исто така присутен беше и дедото на младиот Леонид, Методиј Индов кој од името на семејството се заблагодари на сите кои изразија подготвеност да му помогнат на Лео за кој рече дека е голем борец и дека се надеваат на најдоброто.
„Од името на семејството се заблагодарувам на сите, на цела Македонија, на фирми и сите кои се заангажираа околу Леонче. Леонче вчера го донесовме од Солун, го транспортиравме преку Систина, благодарам и на нив исто за успешното транспортирање. Убаво помина по пат, го сместивме на КАРИЛ и денеска очекуваме резултати. Така да се надеваме на најдобро, он се бори, свесен е. Времето е пресуден фактор во сето ова и ќе треба време, меѓутоа се надеваме дека ќе оздрраве, ќе ни се врети и ќе ни биде истиот Леон како и порано“, рече дедото на Леонид и додаде:
„Благодарност до сите уште еднаш кои ни помагаат и што едноставно ни даваат ветер во грб за сите да се бориме со него за да оздрави“.