Милиони жртви на несреќи и катастрофи се оставени без хуманитарна помош секоја година, бидејќи средствата не се точно насочени. Тоа се констатира во извештај на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Во некои големи спасувачки операции хуманитарната помош пристигнувала до помалку од половината од засегнатите.
ОН смета дека во оваа година итната хуманитарна помош стигнала до 97 милиони луѓе од 134 милиони кои имаат потреба од неа.
Во извештајот се наведени редица фактори за таквата состојба, но и констатација дека локални хуманитарни групи се во подобра позиција за да достават адекватна помош.