Од вакви приказни утре нема да донира некој за кого што е навистина потребно, реагира Миа Костова која за апелот за помош на „самохраниот татко“ од Велес.
Таа бара одговорност од тие што ја објавија приказната за Тале Витанов.
– Апелов мислам дека го објавивме сите! Никогаш не сум кажала кога донирам, ама еве сега ќе кажам дека во истиот момент префрлив пари на сметка. Се испостави дека се работи за коцкар, кој дреме по кладилници, своевремено освоил џекпот на апарати од 26.000 евра, со сопругата не е разделен, го гледаат низ Велес, самохран татко бил за потребите на снимањето. Од вакви приказни утре нема да донира некој кај што е навистина потребно, вели Костова.
Натаму во објавата додава:
– Јавно барам одговорност од Срце на дланка со она малку новинарско искуство што го имам, како снимаат сторија ако цел Велес знае за каков човек се работи, а тие на еден повик одат и прават приказна која вклучува и деца кои судејќи по трпезата и расположението на Тале, не се баш гладни. Срамота!- објавува Костова на Фејсбук.