Се множат барањата за уставни измени. Алтернатива смета дека е потребен уставен механизам за заштита од збогатување преку политика. Партијата предлага амандман кој нема да им дозволи на сегашните и на поранешните функционери да се извлечат од одговорност за злоупотреба на службената должност и противзаконска имотна корист – со застарување на делото. Бараат и ревизија на поранешните дела и конфискација, како и паралелно менување на Кривичниот законик.

Од денеска, Алтернатива почнува со консултации со другите партии, вклучувајќи ги и владеачките. Се согласуваат со БЕСА и Алтернатива за внесување на албанскиот јазик наместо, како што велат, „непристојната квалификација од 20 отсто“, а за сѐ друго се подготвени да разговараат, но не и да условуваат.

Дебатата за отварање на Уставот тргна од барањето на нашиот сосед за внесување на Бугарите во преамбулата, потоа Владата се согласи да се додадат уште неколку етнички заедници. Алијанса и Беса побараа бришење на изразот „јазик што го говорат 20 одсто од граѓаните“ и именување со албански јазик. ВМРО-ДПМНЕ возврати со исфрлање на принципите за гласање со Бадинтер и вработување со Балансер. Последниот предлог доаѓа од Алтернатива, со желба сите уставни измени да бидат гласани со консензус.