Фасцинацијата од модните брендови некако е разбирлива, но честопати луѓето не можат да се изначудат до кој степен можат да отидат некои лица сакајќи да прикажат колку се вљубени во некој бренд.
Деновиве во БиХ е актуелно нешто што во Македонија го поминавме пред неколку години, а тоа е, фасцинираност од брендот „Версаче“. Кај нас вљубеникот во овој бренд, Шенки Маслани, отвори кафуле „Версаче“ во трговскиот центар „Мавровка“ во кој, покрај името, се е во знакот на оваа позната марка. А во БиХ деновиве на Интернет кружи фотографија од куќата, на која доминираат златни детали, а, верувале или не, со натпис: „Версаче“.
Фотографијата е објавена и на страницата на Фејсбук „Во живо од балканските улици“, каде привлече големо внимание, а сеирџиите не ја пропуштија приликата да се пошегуваат за „вкусот“ на сопственикот.
„Како си ја направил, секоја чест“, „Ултра сељак на максимум“, „Тешка сељачана“, „Дали е куќата на Изет Хајровиќ од Динамо?“