Бујар Османи денеска го откажа учевството на состанокот на Советот за безбедност, и истакна дека ќе се повлече во изолација до вторник, кога ќе направи тестирање на Ковид-19.

-По позитивната потврда за СОVID-19 на Градоначалникот на Куманово, а поради тоа што вчера имавме состанок во општинскиот штаб во Куманово, и покрај тоа што цело време бев со лична заштита маска и ракавици за кои епидемиолозите сметаат дека се доволни за заштита, решив денес да не одам на состанокот на Советот за безбедност кај претседателот и да се изолирам до вторник кога тестирањето треба да се направи според протоколите. Посакувам на градоначалникот на Куманово брзо закрепнување како и на сите погодени граѓани и што е можно поскоро да излеземе од оваа состојба заедно. Бидете здрави!, напиша Османи на својот профил на „Фејсбук“.